Основни информации

e-ENGAGEMENT 2014

Сегашната млада генерација е најдобро образована генерација досега , целосно запознаена со дигиталните технологии , подвижна е и целосно отворена за нови хоризонти. Но, и покрај сето ова многу национални младински студии заклучија дека постои итна потреба за подобрување на клучните компетенции и вештини на младите луѓе со цел да им се овозможи подобро користење на потенцијалот и придобивките од новите технологии, како и подигање на свеста кај нив за користење на предностите на новите технологии за вклученоста на младите и решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив.
Младинскиот Сојуз со поддршка на своите партнери / поддржувачи долго работи во насока на широка општествена ангажираност на младите луѓе. Секоја година во рамките на нашите активности за подигнување на свеста за активно ангажирање на млади луѓе се вклучени повеќе од 200 млади луѓе. Младинскиот Сојуз уште од 2010 година започна со процес на истражување, иновација на работните и едукативни методи со специфичен фокус на e- ангажман на младите луѓе.
Проектот има намера да ги поттикне младите луѓе во Македонија да се заинтересираат и да се здобијат со дигитални вештини , нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат повеќе вклучени во решавање на општествените прашања што директно или индиректно влијаат врз нив. Токму затоа, се спроведоа циклус на работилници во четири градови во Македонија (Кавадарци, Куманово, Штип и Струга ), како и една голема завршна конференција (Прилеп) од која резултираа заклучоци и препораки директно од младите луѓе.

e-ENGAGEMENT 2015

Во фокусот на проектот “e-ENGAGЕMENT” е зајакнување и охрабрување на младите луѓе со дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. е- ENGAGEMENT е проект на Младински Сојуз поддржан од „Фондацијата е-Македонија“. Проектот е наменет за подобрување на клучните компетенции и вештини на младите луѓе со цел да им се овозможи подобро користење на потенцијалот и придобивките од новите технологии, како и подигање на свеста кај нив за користење на предностите на новите технологии и дигиталните алатки за вклученоста на младите и решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. Проектот треба да ги реализира следните цели: а) Промоција на предностите и придобивките на ИКТ алатките помеѓу младите луѓе со посебно внимание на младинското електронско ангажирање; б) Проценка на голем број на алатки за “е- ангажирање” со акцент на леснотијата на користењето и соодветност за целта , т.е. да им се помогне да најдат информации, да формираат мислење и да ги изразат своите сопствени ставови без разлика дали дејствуваат во нивно лично име или преку училиште или преку одредена младинска група.

Проектот „е-ENGAGEMENT“ вклучува караван од дванаесет едукативни работилници кои ќе резултираат со една завршна конференција.  Едукативните работилници ќе ги покријат сите региони на Република Македонија и истите ќе се одржуваат во следниве градови  Свети Николе, Кавадарци, Делчево, Штип, Гевгелија, Струмица, Крушево, Гостивар, Крaтово, Куманово, Вевчани и Струга. Со цел да се оцени влијанието на проектот во различни средини и во различни региони активностите ќе се случуваат во помали и во поголеми градови низ државата. Завршната конференција ќе се одржи во Скопје.

Водечката сила зад проектот “e-ЕNGAGEMENT” е желбата преку развој на комбинација од знаење, вештини, вредности и мотивација помеѓу младите луѓе, да се направат позитивни промени во општеството со користење на потенцијалот и придобивките на новите технологии.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s